Родот кокиче (на лат. Galanthus) вклучува околу 20 видови на ниски, монокотиледонски и многугодишни растенија кои и припаѓаат на фамилијата на кокичиња. Најпознат вид е Galanthus nivalis. Подземниот орган на сите претставници на овој род е ситна луковица. Кокичињата се распространети најмногу во умерениот климатски појас, каде има снежна и студена зима. Тие се првите растенија кои цветаат во пролет, и тоа пред да се стопи снежната покривка. Нивните листови се мембранозни, нежно зелени, со паралелна нерватура и немаат лисна дршка. Имаат снежно бели венечни ливчиња (6 на број), кои речиси се целосно сраснати. Тие имаат многу пријатен мирис. Само надворешните три венечни ливчиња се разделени, додека останатите се сраснати.
.
Sunday, October 14, 2018
Thursday, October 11, 2018
Зумбул
Зумбул (тур. sümbül; лат. Hyacinthus) е род од монокотиледони со скриено семе од истоимената фамилија Hyacinthaceae, како и еден вид од тој род, која природно (спонтано) расте во пределите на југозападна Азија, од Мала Азија, преку Сирија, Либан, Израел и Ирак до Иран. Постои слична популација и во Далмација и Грција. Природни терени за зумбулот се камењари од приморје до високите планини (2000 метри надморска височина).
Роза
Роза (латински Rosa) е растение од родот на дрвенести билки, од фамилијата „Rosaceae“. Розите се одгледуваат заради убавиот мирис на цветовите, така што се создадени бројни хибридни видови рози. Постојат голем број диви рози, чии плодови се богати со витамин Ц. Покрај како украсно цвеќе, розите се користат и во: козметиката, медицината и готварствот
о.
о.
Subscribe to:
Posts (Atom)


